Институтот за Кризен Менаџмент –ИКМ-Скопје преставен од раководителот на Одделот за обуки и публикации Проф.Доц.Др.Лулзим Фаризи и Министерството за внатрешни работи на Албанија-Управата за заштита од пожар и спасување –УЗПС со седиште во Тирана преставена од главниот управител Алфред Кристули потпишаа меморандум за соработка.
Договорот има за цел поставување на взаемната соработка во областа на образованието, воспитувањето и обучувањето. Двете договорени страни се согласија заеднички да допринесуваат во процесот на содавањето на функционални локални политики, националнии и регионални политики во областа на кризниот менаџмент. Соработката помеѓу двата субјекта подразбира заедничко учество при аплицирање во домашни и меѓународни проекти, и нивно реализирање.
Страните се согласија во организирање на конференции, семинари, паботилници, вебинари и разни обуки во ургетните области, што ќе допринесе во унапредувањето на капацитетите и човечките ресурси во областа на менаџирањето на ургентноста.