C:\Users\Lulzim\Desktop\ICM\1.jpg

C:\Users\Lulzim\Desktop\ICM\9.jpg

Институтот за Кризен Менаџмент –ИKМ-Скопје преставен од раководителот на Одделот за обуки и публикации Проф.Доц.Др. Лулзим Фаризи и Управата на организацијата План & Го –Тирана г-ца Малбора Шаини потпишаа меморандум за соработка.

Договорот има за цел поставувањето на взаемната соработка во областа на образованието, едукацијата и обучувањето. Двете страни се согласија за заеднички допринос во процесите на креирање на функционални локални политики, национални и регионални политики во областа на кризниот менаџмент. Соработката помеѓу двата субјекта подразбира заедничко учество при аплицирање во домашните и меѓународните проекти, како и нивна реализација.

Страните се согласија да организираат конференции, семинари, работилници,вебинари и разни обуки во областа на ургентност.