Институт за кризен менаџмент
Институт за кризен менаџмент е невладина, непрофитна и непартиска инстируција која се занимава со правни анализи и истражувања кои се однесуваат на ризици и опасности од природни непогоди, епидемии и техничко-технолошки инциденти и помош во справување со кризи предизвикани од овие ризици и опасности, преку поддготовка на стратегии и акциски планови и помош во превенција на ваков вид на кризи преку развивање на стандардни оперативни процедури и планови за превентивни активности.
Институтот ќе работи на подготвка на безбедносни анализи и процени, оддржување и развивање на соработката со академските институции во земјата и во странство, ќе соработотува со меѓународни организации, ќе работи на организирација и спроведување на обуки, во соработка со други оддели, за потребите на владините органи и тела, невладини организации, деловни субјекти и меѓународни организации и ќе работи на издавање на научно списание, публикации, анализи, периодични изданија, соопштенија за јавноста и вести за реализираните активност.