Колеџот Бизнис-Приштина согласно договорот со Институтот за Кризен Менаџмент –ИКМ Скопје, на ден 04.12.2020 организираа работилница со тема ,,COVID-19 Lessons Learned” На оваа работилница учествуваше дел од персоналот на Колеџ Бизнис, нивниот административен дел, но и студенти, преставници од индустријата, учесници од заедницата, и членови на АЛУМНИ од Колеџот Бизнис.

Целта на оваа работилница беше презентација на научените лекции и достигнувања произлезени пред се од глобалната пандемија со COVID-19. Взаемна е констатацијата на сите учесници дека негативното пандемиско влијание длабоко продира во сите области на животот, а особен предизвик е пандемиското соочување во општеството.

Предавачи на оваа работилница беа експерти од земјата и регионот. Предавања одржаа Проф.Др. Шуќри Кабаши со темата ,,Влијанието на пандемијата COVID-19 во економијата на Република Косово и нејзините негативни ефекти”, Проф.Асс.Др. Лулзим Фаризи со темата ,,Пандемијата COVID-19 и негативните ефекти во областа на човековите права” , со особен акцент-правата на работниците, Мр.Блерим Бурјани со темата ,,Влијанието на пандемијата COVID-19 во регионалните и меѓународните односи” и Мр. Маргалена Чолаку со темата ,,Пандемијата COVID-19 и негативните психолошки последици во општеството”.

Како заклучоци на оваа работилница беа истакнати фактите дека глобалната пандемија COVID-19 предизвикала големи негативни последици во областа на економијата, во областа на правото, во меѓународните односи, како и во психолошкиот и соцјалниот аспект воопшто во општеството.

рисутните се согласија дека ваквите обуки и работилници треба да се организират и во иднина со цел стекнување на нови знаења како од научен аспект, така и пратење на новите научни стандарди, со взаемна констатација дека ваквите обуки значително ќе придонесат во менаџирањето со кризните состојби предизвикани од светската пандемија.