Денес, во просториите на општина Гостивар се потпиша Меморандум за Соработка помеѓу Институтот за Кризен Менаџмент-ИКМ-Скопје и Општината.

Преставниците на Институтот за Кризен Менаџмент-ИКМ-Скопје, директорот г-дин. Беким Кќику и раководителот на Одделот за обуки и публикации на Институтот Проф. Др. Љуљзим Фаризи имаа конструктивен разговор со Градоначалникот на Општина Гостивар г-дин. Арбен Таравари. Во разговорот јасно е потенцирана подготовноста и задоволство од конструктивна соработка, со цел да се помогне зголемувањето на капацитетите во областа на менаџирањето со кризи чија цел е унапредување на знаењата и размена на искуства за подобрување на системот за управување и координација на кризниот менаџмент.

Постигнат е договор за меѓусебна соработка која ќе се темели врз развој на образованието и науката пред се, но ќе се зголеми и размената на професионални капацитети кој ќе бидат подготвени да се соочат со ризици предизвикани од природни непогоди, епидемии и техничко-технолошки инциденти. Директорот на Институтот за кризен менаџмент и градоначалникот на Општина Гостивар особено го изразија своето задоволство за меѓусебната соработка за која се согласија дека ќе се продлабочува преку заеднички активности поврзани со справувањето со кризите и елементарните непогоди во нашата држава.