Институтот за Кризен Менаџмент ИКМ-Скопје претставен од раководителот на Одделотза обуки и публикации Проф. Доц. Др. Љуљзим Фаризи и Деканот на Колеџ Бизнис-Приштина од Република Косово Проф.Др. Шуќери Кабаши потпишаа Меморандум за Соработка.
Соработката меѓу потписниците, согласно Меморандумот, има за цел да ја подигне соработката во областа на образованието и науката, во процесот на создавање современи функционални локални политики во областа на менаџирањето со кризи и неговата професионализација. Преку интегрирана визија, спроведување образовни проекти и заеднички заложби на потписниците, се очекува дека ќе се придонесе кон подигнување на нивото на менаџментот на кризи преку заедничко учество и апликации во проекти за реализација. Истовремено, соработката треба да овозможи подигнување и проширување на нивото на студиската насока на Колеџот Бизнис,а придобивките од соработката и заедничкиот интерес ќе допринесе за унапредување на знаењата и размена на искуства во регионот и пошироко.
Преку овој меморандум се поттикнуваат, се планираат и ќе се изведуваат активности за соработка на регионален и меѓународен план со други организации и институции со цел организирање на научни конференции, семинари, вебинари и публикации на научни трудови.